ДА НЕ ЧЕКОРИМЕ САМИ НА ОВОЈ ПАТ

Shpërndaje:
Share on facebook
Share on whatsapp
Share on telegram
Share on twitter
Share on email

Проектот “ШКУПИ”, којшто го започнавме пред три и пол години и којшто го постепено го градевме денес е сѐ поблиску до остварувањето на една од нашите најголеми цели, а тоа е да станеме шампиони. Во моментов сме клуб којшто е најблиску до шампионската титула од која што нѐ делат 10 тешки и исцрпувачки недели, но сеуште не сме шампиони. Моја единствена желба е добивањето безрезервна поддршка од нашата заедница за да можеме овие 10 недели да ги комплетираме на најдобар можен начин и да ја постигнеме нашата заедничка цел.
Оваа цел претставува само почеток на нашите желби и заложби за уште поголеми достигнувања во иднина. Ние, заедно со нашите колеги сакаме да бидеме дел од оние кои ќе остават трајни вредности во фудбалот во Македонија, да постигнеме големи цели во Европа, како и повторно да го издигнеме клубот ШКУПИ. Мислам дека нашите дела се доказ за нашата одлучност. Три и пол години деноноќно работиме, се соочивме со многу тешкотии и препреки, но заедно со нашите пријатели бевме одлучни во остварувањето на целта. Сакам да упатам голема благодарност до Суат Алија, кој што беше единствениот што нѐ поддржуваше низ целиот процес, но, исто така, сакам да ги споменам и оние кои што покрај ускратувањето на својата поддршка накнадно создаваа пречки, меѓу кои патем има и луѓе кои што земаа плата и ги издржуваа своите семејства благодарение на клубот и ги ставаа своите лични интереси пред интересите на клубот, но ние истите ги занемаривме бидејќи моравме да гледаме напред и не смеевме да губиме драгоцено време со нив, иако таквото нивно однесување длабоко не погоди. Упатувам повик до сите, да го оставиме минатото зад нас, да се обединиме, можеби имало грешки и од наша страна, било тоа да се намерни или ненамерни, но сакам да нагласам дека ние на никого не сме ниту лути ниту бесни и наша најголема цел е клубот ШКУПИ да достигне големи успеси како во МАКЕДОНСКИОТ, така и во меѓународниот фудбал, најдобрата страна на фудбалот е неговото обединувачко својство, без разлика на вера, нација, раса. Сакам да упатам апел најнапред до жителите на Чаир, но и до високите преставници на нашата заедница, да не нѐ оставаат сами и да дадат поддршка во остварувањето на нашите ПРОЕКТИ. Нашата најголема цел е промовирање на националниот фудбал во Европа, разработуваме проекти за насочување на младите кон спортот, а тоа не би можеле да го постигнеме без вашата поддршка и помош.

СО ПОЧИТ,

Олгун Ајдин
Сопственик и Претседател на ФК Шкупи

Artikuj

Të ngjashme

2021/22

ШАМПИОН НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

1998/99

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

2000/01

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1995/96

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

2003/04

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

СПОНЗОР