Кире Маркоски ново засилување за Шкупи

Share:
Share on facebook
Share on whatsapp
Share on telegram
Share on twitter
Share on email

Летниот преоден рок го донесе следното засилување на нашиот тим со комплетирање на анкажманот на крилниот напаѓач Кире Маркоски кој денес потпиша договор за една година и го облече бело-синиот дрес на Шкупи.

„Како прво, сакам да им се заблагодарам на претседателот на клубот Олгун Ајдин, спортскиот директор Омер Буњаку и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената можност. За време на многуте разговори што ги водевме, ми ги презентираа своите идеи, целите и амбициите на клубот. Токму желбата и амбициите на клубот за успех во домашното првенство како и на европската сцена беа причините зошто решив да потпишам за ФК Шкупи. Како прво, верувам дека под водство на тренерот Седлоски можеме да стигнеме до Плеј-офот во Конференцијата и да ги исполниме целите на клубот. Среќен сум за враќањето на навивачите на трибините, познавајќи ги нашите навивачи, Шверцерите од претходните средби, верувам дека тие ќе бидат нашиот дванаесетти играч и им ветувам дека ќе го дадам максимумот и дека заедно ќе се радуваме во големи успеси, изјави Маркоски.

Маркоски има богата фудбалска кариера, започнувајќи го својот професионален ангажман како дел од тимот на Работнички во домашното првенство, а подоцна кариерата ја продолжува во АЕЛ Лимасол од Кипар, како и тимот на Трнава.
Маркоски сезоната 2020/2021 ја помина во тимот на Академија Пандев, каде имаше 11 настапи и постигнати два гола.