ПОЧИТА И РАЗЛИКАТА МЕЃУ ГОЛЕМИОТ И МАЛИОТ КЛУБ.

Shpërndaje:
Share on facebook
Share on whatsapp
Share on telegram
Share on twitter
Share on email

На натпреварот одигран вчера се случи срамен и тажен настан за фудбалот. Не чувствуваме никаков гнев кон навивачите поради настаните што се случија вчера. Вистинскиот гнев кај нас е насочен кон менталитетот на менаџментот што ги наведе навивачите на овој немил настан. Овој менталитет треба да знае дека ако бараат непријател, нема да може да најдат подобар непријател од нас. Ако така сакаат, ок, на нас нѝ одговара. Но, дали е тоа во ред? На јавноста ѝ е добро познато дека тоа не е во ред и дека не треба да биде така. Најголемата карактеристика на спортот е тоа што обединува, вклучува братство и мир. Само благодарение на здравиот разум на нашите фудбалери и техничкиот штаб вчерашниот натпревар се доигра до крај. За време на настаните, раководството ги извести играчите и техничкиот штаб дека доколку сакаат можат да се повлечат од теренот. И играчите и техничкиот штаб покажаа одличен карактер со тоа што рекоа дека во оваа фаза не се плашат од никого, дека се дојдени да играат фудбал и дека само ќе играат фудбал. Би сакале да им се заблагодариме на нашите играчи и техничкиот штаб за нивниот став и здравиот разум. Hикогаш нема да бидеме алатка во оваа хаотична средина што е наметната од опасниот менталитет. Никогаш нема да го користиме фудбалот како алатка за ова. Амбициозноста и неспособноста на некои луѓе нема да бидат доволни за да се создаде раздол помеѓу браќата. Нека знаат дека никогаш нема да дозволиме брат да поврети брат. Искажуваме благодарност до нашите навивачи. Беше навистина прекрасно што големите играчи на големиот тим беа пречекани со ентузијазам од големите навивачи и нашите навивачи го прегрнаа својот тим. Ние сме уште поголеми со нашите навивачи. Големината не се мери со пари. Оние кои сакаат да ја видат вистинската големина нека гледаат како играчите на Шкупи му аплаудираа на противникот додека минатата година на теренот излезе екипата на Шкендија. Нема да дозволиме неписметноста и лошиот менталитет да внесат раздол меѓу две братски екипи. Ниту едно ривалство не може да ги надмине пријателството и братството.

Artikuj

Të ngjashme

2021/22

KAMPION TË MAQEDONISË SË VERIUT

1998/99

KAMPION TË MAQEDONISË

1999/00

KAMPION TË MAQEDONISË

2000/01

KAMPION TË MAQEDONISË

1995/96

FITUES I KUPËS SË MAQEDONISË

1999/00

FITUES I KUPËS SË MAQEDONISË

2003/04

FITUES I KUPËS SË MAQEDONISË

SPONZORËT