Шкупи и Дрита со по еден гол ја завршиа пријателската

Споделете:

Екипата на Шкупи на контролен натпревар ги испроба повторно новите засилувања, но одигра реми со косовскиот прволигаш Дрита од Гњиљане (1-1).

За чаирчани ова беше последен пријателски меч пред заминувањето за Анталија, каде се оди в понеделник.

Првото полувреме беше со многу атрактивна за публиката. Чаирчани водеа во првото полувреме, но не успеаја до финишот да ја задржат предноста. Во мечот во кој настапија новите имиња Броја, Илијоски и Љамчевски, а по подолга пауза се врати и Буњамин Шабани.

Шкупи водеше со погодок на Јашаровски, кој добро ја искористи асистенцијата на Кристијан Стојкоски. Во последанта минута на првото полувреме, гоститет не успеаа да израмнта од пенал, но Дрита дојде до реми со гол на Фазлиу во второто полувреме.

По овој натпревар играчите на Шкупи во петокот беа слободни, за да се вратат на терен во сабота кога ќе одработат два тренинга, со уште еден во недела, а во понеделник отпатуваат за Анталија.

Шкупи: Суат Зендели, Едис Малиќи, Благоја Ламчевски, Мухарем Бајрами, Бесарт Кривањева, Ермедин Адем, Шчиприм Таипи, Омар Имери, Фатих Исмаили, Кристијан Стојкоски, Ален Јашаровски.

Играа уште: Бурхан Мустафа, Бесир Рамадани, Алтин Сефо, Буњамин Шабани, Рон Броја, Баже Илијоски, Сухејл Мухареми, Шпенд Асани, Хусеин Демири.

Други написи
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
2021/22

ШАМПИОН НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

1998/99

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

2000/01

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1995/96

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

2003/04

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

СПОНЗОР