Наумовски: Победа против Шкендија не е важна, ако не ја освоиме Силекс

Споделете:

Сите во клубот добро знаевме што и колку ќе ни значи овој натпревар, се подготвувавме речиси два месеца за него, како во Македонија, така и во Анталија! Се покажа на терен дека сме работеле супер на подготовките, дека сме се спремиле како што треба и затоа и резултатот дојде сам по себе. Ги исполнивме сите задачи што ни ги даде шефот Седлоски, и според мене заслужено победивме, иако Шкендија имаше свои шанси за гол преку Хасани, за кого жалиме што се повреди и мораше порано да го напушти теренот…Ние добро стоевме на терен, супер се одбранивме кога требаше и исто така супер игравме во нападот и искористивме две од повеќе шанси и дадовме два гола…Овој натпревар веќе го забораваме, сега не очекува многу тежок натпревар во Кратово, Силекс има супер екипа, донесоа доста засилувања, имаат добар тренер и секој од нас мора да даде многу повеќе, затоа што ако не ги освоиме бодовите против Силекс, ќе биде залуден овој триумф против Шкендија.

2021/22

ШАМПИОН НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

1998/99

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

2000/01

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1995/96

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

2003/04

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

СПОНЗОР