Почитувани љубители на Шкупи

Споделете:

На овој пат тргнавме со надеж и цел да додадеме нови успеси во нашата славна историја, да ја почувствуваме поддршката на нашиот Шкупи, зеницата на градот Скопје, и нашата поддршка, како што ја имаме со децении, во нашите срца и на нашиот стадион, тоа е нашата најголема желба, како што е и ваша. Пред две години, сите видоа што може да се постигне со правилен процес на економско и спортско планирање и кога нашата заедница е обединета. Во таа насока, со надеж дека ќе доживееме уште една сезона, еден до друг, рамо до рамо, полна со незаборавни моменти и завршувајќи со првенство, кое ќе го паметиме со убави приказни, ве замолуваме да ги заштитите интересите на нашиот клуб, и да не се носат забранети и експлозивни материи надвор од стадионот и истите да не се палат внатре во стадионот. Интересите на клубот се важни за нас исто колку што се важни и за вас. Во наредниот период со сите сили ќе се бориме против оние кои сакаат клубот да биде казнет, оние кои не се од нас, а се однесуваат како нас, оние кои се алатка за потребите на другите и оние кои сакаат клубот да биде оштетен, со заострување на безбедносните мерки во рамките на законот, со поддршка на полицијата, да се избркаат од стадионот, никогаш повеќе да не влезат и да бидат казнети. Дополнително, по натпреварот, оние кои го прават ова ќе бидат идентификувани преку безбедносните камер и против нив ќе бидат преземени сите потребни дејствија пред надлежните органи, затоа што нема да толерираме да се испразни касата на клубот поради казни. Се стремиме само кон едно, ЗА ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВО ШКУПИ, никој што вистински го сака ова семејство, кој вистински се грижи за ова семејство, не би ги направил овие работи, а меѓу нив не би ги вклучил и оние што го прават. Запомнете, нема друг Шкупи, да се грижиме за нашиот Шкупи.
Со почит, семејството Шкупи

Други написи
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
2021/22

ШАМПИОН НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

1998/99

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

2000/01

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1995/96

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

2003/04

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

СПОНЗОР