Писмо од Претседателот

Shpërndaje:
Share on facebook
Share on whatsapp
Share on telegram
Share on twitter
Share on email

Пред се, нека е аирлија оваа шампијонска титула што од секој аспект е многу важна за нашата Заедница. Се надевам дека Оваа титула ќе биде почеток на една голема приказна. Не беше лесно да дојдеме до оваа позиција меѓутоа благодарение на Господ верувам дека крајот беше среќен. Во оваа приказна ќе се доживуваат многу убави работи. За придонесот на оваа титула, Би сакал да им се заблагодарам на тренерот Гоце Седловски и неговите помошници, на нашиот капитен Кристијан Наумовски и сите играчи, физиотерапевтите, економот, медицинскиот тим, на Емир Шабани и Омер Бунјаку кои се со години во клубот и се до нас, на новиот Извршен Директор Фуат Шериф и Cан Бекриоглу кој што ни се придружи неодамна, на Насер Адеми, Февзи Лајич, Ајхан Баришчи Сердар Дајат, на Туфан Даша кој што имаа придонес на почетокот на оваа приказа , на целиот клубски персонал кои што има мал или голем придонес. Покрај горе наведените, имам должност да им се заблагодарувам на нашите Навивачи, кои и во добри и во лоши времиња не поддржуваа, на мојот другар и брат Суат Алија, кој што 4 години во секое време е блиску до мене до еден повик, на Аднан Синани кој што во текот на оваа година во многу критични моменти не поддржуваше, на сите претходни претседатели и вработени на Клубот. Како што наведов и погоре, не беше лесно, не дојдовме лесно до оваа позиција, пред нас ставија големи препреки, имаше денови кога лица од нашата заединица сакаа клубот да биде неуспешен, бевме изложени на ниски, неосновани клевети и озборувања и на неисполнети ветувања. Меѓутоа сите овие работи ги оставаме назад, време е да се сооединиме и заедно да чекориме напред. Пред нас е Бајрам, за Бајрам не е дозволено лутина и незадоволство. Јас им чинам алал на сите кои намерно или не намерно не навредиле или ни скршиле срца, го заборавам/бришам минатото. Минатото останува минато, треба да гледаме кон иднината. Во меѓувреме можеби има лица кои ние намерно или не ненамерно сме ги навредиле или сме им скршиле срца, се надевам дека и они ќе ни чинат алал и ќе ни опростат. Исто така, можеби имало и клубови со кои сме имале проблеми меѓутоа кои не биле многу големи или пак моменти кога не сме биле доволно гостопримливи кон гостинската управа, тренери, фудбалери. Денес преку ова писмо и од нив се извинувам. Спортот е братство и мир. Од најмал до нај возрасен со сите клубови, со медиуми заедно со фудбалската федерација ние сме едно големо фудбалско семејство. Им се заблагодарувам на сите кои што имаат придонес во овој спорт. Уште еднаш нека е аирлија шампијонската титула.

Со почит, Олгун Ајдин!

Artikuj

Të ngjashme

2021/22

ШАМПИОН НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

1998/99

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

2000/01

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1995/96

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

2003/04

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

СПОНЗОР