Како FC Shkupi, даваме целосна поддршка на написите за истрагата за наводите за местење натпревари и обложување во Македонската фудбалска лига, опфатени последните неколку години, а кои неодамна беа споделени со јавноста.Секоја работа поврзана со целосните истраги на овој случај, ја гледаме како доста позитивна на овој случај и извлекувањето на фактите е многу неопходна и соодветна одлука. Ние како FC Shkupi потполно го подржуваме истражувањето што треба да се направи за овој случај и како клуб сме отворени за секоја задача од наша страна. Сметаме дека ова истражување е многу важно за фудбалот во Македонија.
Ова е многу важна тема. ФИФА, Интерпол, полицијата, македонската полиција, македонското обвинителство, треба да ја завршат својата работа за да го истражат овој случај сега две години на назад. Сите телефонски броеви на судиите, телефонските разговори пред натпреварите, сите овие работи треба да ги истражува ФИФА и овие валкани работи да излезат на виделина до крај.