Соопштение

Споделете:

По вчерашната реакција што ја споделивме за стадионот, адресираниот субјект се јави во нашиот клуб, велејќи ни: „Државата немаше моќ да ме извади одовде, вие ли ќе го направите тоа?. Оваа година минува, а ако сакате да го користите стадионот следната година, ќе треба да платите за тоа“.
За нашиот клуб многу e љубопитно да се разбере како моќта на државата не е доволна за еден човек. Начинот на кој спортски комплекс се префрла на друг поединец кој нема никаква врска со клубот, додека сите простори се користат за лични приходи, кои всушност треба да му припаѓаат на клубот, тоа е погрешна практика.
Сакаме да нагласиме и дека нашата најголема грижа е што додека се собира кирија од просторите што му припаѓаат на стадионот, голема срам e што од играчите на клубот се бара да платат паркинг. Толку ли ви требаат пари од играчите за паркирање?
Овој фудбалски клуб му припаѓа на Чаир, овој стадион е и Стадионот Чаир. Како се осмелувате да ги користите просторите на стадионот за ваши лични интереси, да ги искористите приходите од стадионот во лични примања и да кажете дека не ја познавате државата, бидејќи еден период и самите бевте претседател?
Бидејќи сте толку силен, бидејќи барате пари за користење на стадионот на клубот од Чаир, дајте да ги платиме парите и да ги играме натпреварите на друг стадион, а вие да го претворите стадионот во простор предвиден за натпревари со термини и да добивате кирија, па така ќе имаш повеќе приходи од кирија ако стадионот е деловен центар?

Други написи
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА
2021/22

ШАМПИОН НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

1998/99

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

2000/01

ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА

1995/96

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

1999/00

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

2003/04

ПОБЕДНИК НА КУП НА МАКЕДОНИЈА

СПОНЗОР